Интер ги прекина преговорите со Пауло Дибала и миланскиот гигант не е сигурен дали сака да го доведе Аргентинецот после доаѓањето на Лукаку.
Ова го потврди експертот за трансфери, Ди Марцио, кој истакна дека ниту еден топ клуб од Европа не испратил понуда до Дибала, иако е слободен агент.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Во оваа фаза Интер ги прекина преговорите и не знам дали воопшто ќе ги продолжат. И Милан размислува за ова, но се уште нема преземено никакви конкретни чекори. Во секој случај, Дибала ќе мора да прифати помала плата од онаа што ја сака, за да оди во Милан. Интерес за него има од Севиља, но му нудат само 3 милиони евра годишно. Ниту еден од врвните клубови во Европа не го сака“, истакна Ди Марцио.
Дибала наводно бара 7 милиони евра по сезона и бонус од 8 милиони евра при потпис на договорот.