Дома Трансфер зона Интер во Шпанија најде замена за Перишиќ!

Интер во Шпанија најде замена за Перишиќ!

Интер е во преговори со Манчестер Јунајтед за продажба на хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ, па иако сеуште не е постигнат договор, сепак „нероаѕурите“ веќе бараат негова замена.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Италијанските медиуми пренесуваат дека желбата на Спалети е црномурестиот напаѓач на Атлетик Билбао, Инаки Вилијамс.

Вилијамс, кој е по потекло Афрканец, но роден во Баскија важи за еден од најталентираните и најбрзи фудбалери во Европа.

Неговата цена е висока, има откупна клаузула од 50 милиони евра, но Интер сака да започне преговори со Билбао и да го купи фудбалерот за 10 милиони помалку.

Самиот фудбалер е спремен да се пресели во Италија, каде ќе заработува многу повеќе, а тренерот Спалети смета дека ќе биде идеално засилување за „нероаѕурите“.

Во секој случај, Интер најпрво треба да постигне договор со Манчестер Јунајтед за Перишиќ, а потоа да се насочи кон Инаки Вилијамс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…