Италијанскиот гигант Интер е силно заинтересиран за играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Дони Ван де Бек.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во Манчестер Јунајтед Ван Де Бек пристигна минатата година од Ајакс и се очекуваше да биде големо засилување за тимот на Солскјер. Сепак, Холанѓанецот не успеа да се наметне кај Норвежанецот и не добиваше голема минутажа.
Поради ваквата ситуација Ван Де Бек има намера да ја промени средината ова лето, а таквата ситуација сака да ја искористи Интер.
„Нероаѕурите“ќе побараат од Манчестер Јунајтед да им го позајмат Ван де Бек, доколку Кристијан Ериксен не е во можност да ја продолжи кариерата.
Се очекува наскоро да почнат преговорите и Интер да понуди едногодишна позајмица со право на откуп следното лето.