Дома Трансфер зона Интер во Германија најде замена за Скриниар

Интер во Германија најде замена за Скриниар

Раководството на Интер е во интензивни преговори со Тотенхем за трансфер на дефанзивецот, Милан Скриниар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Конте даде „зелено светло“ за продажба на Скриниар, бидејќи не се вклупува во неговата формација, па се чини дека трансферот може да се реализира за сума од 50 милиони евра.

„Нероаѕурите“ се во потрага по негова замена, а најновото име е дефанзивецот на Шалке, Озан Кабак.

Турскиот репрезентативец важи за еден од најперспективните во Европа, има само 20 години, а минатото лето се пресели во Шалке за сума од 15 милиони евра.

Оваа сезона одигра 29 меча и постигна 3 гола, а Шалке за неговата слобода бара 25 милиони евра.

Прва желба  на Интер беше Никола Миленковиќ, но Фиорентина не сака да го пушти Србинот за сума помала од 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…