Дома Топ вести Интер веќе најде замена за Лаутаро

Интер веќе најде замена за Лаутаро

Лаутаро Мартинез „експлодира“ оваа сезона и е еден од најзаслужните за добрите резултати на Интер.

22-годишен напаѓач сезонава на 18 натпревари во сите натпреварувања постигна 11 голови и има три асистенции, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Веќе подолго време се шпекулира дека Барселона и Реал Мадрид сака да го донесат Лаутаро во своите редови, а медиумите тврдат дека шпанските гиганти се спремни да ја платат откупната клаузула која изнесува 111 милиони евра.

Лаутаро оддолжува да потпише нов договор, па „нероаѕурите“ нема да можат да го задржат ако некој клуб ја плати откупната клаузула.

Поради тоа миланскиот гигант веќе има план, а тоа е како замена за Аргентинецот да го донесе Пјер Емерик Обамејанг за 70 милиони евра.

Обамејанг не е задоволен во Арсенал и е спремен со раширени раце да ја прифати понудата на „нероаѕурите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…