Дома Трансфер зона Интер веќе бара наследник на Хандановиќ, еден голман е фаворит

Интер веќе бара наследник на Хандановиќ, еден голман е фаворит

Самир Хандановиќ игра уште една добра сезона и е на добар пат да го освои првото Скудето во дресот на Интер.

Искусниот Словенец во претходните години ги навикна навивачите на Интер да брани на високо ниво. Често беше единствена светла точка во тимот на „нероаѕурите“. 


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кога актуелниот договор ќе му истече Хандановиќ ќе има 38 години, па Интер веќе почна да бара негов наследник.

Се шпекулира дека прва мета на Интер е голманот на Удинезе Хуан Мусо. Мусо заедно со сонародникот Де Паул веќе некое време се најдобри во Удинезе и се очекува да направи чекор напред во кариерата. Проблем може да претставува што Удинезе својот голман го проценува на околу 30 милиони евра.

Како алтернативи на Мусо се споменуваат, Марко Силвестри кој веќе втора сезона е одличен на голот на Верона, Алесио Крањо од Каљари и Пјерлуиџи Голини од Аталанта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…