Дома Македонски спорт Интервју со Никола Ѓоргиев: Со новиот селектор ќе атакуваме на најдоброто, целта е Македонија да игра добра одбојка!

Интервју со Никола Ѓоргиев: Со новиот селектор ќе атакуваме на најдоброто, целта е Македонија да игра добра одбојка!

Во пресрет на Европската сребрена лига разговаравме со капитенот на македонската одбојкарска репрезентација Никол Ѓоргиев.

Ѓоргиев долги години е дел од репрезентацијата на Македонија, а сезонава за него беше успешна и на клупски план во тимот на АЦХ Волеј од Љубљана. Фокуот на Ѓорѓиев сега ќе биде настапот со Македонија во Европската сребрена лига и Медитерански игри во 2022 година.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Досега македонската репрезентација во Европската сребрена лига има четири сребра и една бронза. На кормилото сега е новиот селектор Ратко Павличевиќ кој ќе се обиде да стигне до златото. Во нашата група ќе играме со Босна и Херцеговина, Албанија и Романија. Првите две репрезнтации обезбеудваат место на завршниот турнир кој ќе се игра во Будимпешта.

Македонија од неодамна доби нов селектор, се запознавте ли со неговите идеи и какви се очекувањата од настапот на Македонија во Сребрената лига?

Секако, на првиот состанок селекторот ни ги кажа своите идеи за нашиот план за ова летo. И дека ќе атакуваме на најдоброто место во лигата. Наша примарна цел ќе биде да играме добра одбојка и да ги интегрираме новите млади играчи по откажувањето и повредата на еден од првотимците, така што ќе работиме напорно во тој дел, со многу работа, труд и посветеност со малку среќа и неговите идеи веруваме ќе постигнеме нов успех за македонската одбојка.

Каква е ситуацијата со составот?

Александар Љафтов е повреден и ќе биде во аут цело лето, додека Ристо Николов се повлече од репрезентацијата. Сега треба да поставиме два нови играчи на центарската позиција Филип Савовски или Славе Наков, а тоа ќе зависи од нив нивното докажување. Засега тренираме добро тие што сме тука и немаме дополнителни проблеми. Како што кажав ќе имаме и млади играчи кои ќе треба да ги интегрираме во тимот. На примачката позиција конкурираат Стојан Илиев, Васе Михаилов и Лука Костиќ, резултатите ќе зависат од тоа кој и како ќе игра, сега не би поставувал огромна цел за да избегнеме притисок како што се случи лани. Ќе одиме од натпревар по натпревар, сакам да оствариме пласман на фајнл-форот и да изградиме добра игра, а потоа на фајнл-форот со Господ напред да се бориме за најдоброто.

Што беше пресудно да го продолжиш договорот со АЦХ Волеј?

Пресудно беше тоа што АЦХ Волеј е добро организиран клуб. Има феноменална позитивна атмосфера, секој си ја работи својата работа. Ние играчите мислиме само на одбојката на нашите семејства. Одлично се прилагодив и мојата ќерка Марија добро се снаоѓа, оди таму во градинка. Тоа е многу важно за мој мир и спокој целосно да се фокусирам на натпреварите. Догодина ќе играме Лига на шампионите, а клубот има амбиции да освојува трофеи што се поклопува со мојот карактер.

Како си задоволен од сезоната во клубот?

Сезоната во Љубљана беше фантастична, не ни сонував дека од 56 натпревари ќе имаме 55 победи и еден пораз. Освоивме три титули додека Челинџ купот го изгубивме на златен сет. Лани тимот имаше лоша сезона, а оваа го вративме на победничките патеки, а сега е важно добро да се екипираме и да се засилиме за следната година да биде уште подобра. Со божја среќа, се надевам на добар ждреб и да поминеме добро во првата фаза од Лигата на шампионите.

Животот во Љубаљана исто така е една од причините за продолжувањето на договорот

Moето семејство ужива во Љубљана пресреќен сум што се прилагодија, но за тоа се заслужни луѓето од клубот. Затоа кажувам дека клубот мисли на сите сегменти, не само на тебе, туку и на твоето семејство. Со нивна помош Марија се запиша во градинка, додека Викторија се уште е премногу мала. Живееме во еден преубав кварт. Љубљана како град е преубав, се е премногу блиску, ми одговара животот тука и затоа потпишав на две години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Екс-голманот на Вардар, Арпад Штербик имал срцев удар

Ракометниот тим на Веспрем објави дека екс-голманот Арпад Штербик нема да биде со тимот за…