Лионел Меси пред една недела побара од Барселона да му дозволи да замине и наводно веќе разговарал со Пеп Гвардиола за можен трансфер во редовите на Манчестер Сити.
Аргентинските и англиските медиуми најитезивно пишуваат дека Меси може да заврши во Манчестер Сити, се тврди дека потребно е да се договорат само клубовите. Така она што пред неколку недели изгледаше незмисливо сега е блиску да стане реалност.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Дека Меси во минатите години не верувал дека ќе дојде ден кога ќе сака да ја промени средината покажува и интервјуто од 2018 година. Тогаш екипата на „TyC Sport“ направи големо интервју на Меси кој беше расположен и одговараше на нивните прашања.
На прашањето дали некогаш би ја напуштил Барселона одговори:
„Каде би ми било подобро отколку во Барселона? Тука сум во најдобриот клуб во светот, во еден од најубавите градови во светот, семејството тука ми ужива, а децата се врзаа за оваа средина и стекнаа пријатели. Не чувствувам никаква потреба за промена. Немам проблем со мотивацијата или заситеноста од трофеи затоа што секоја сезона си поставувам нови цели. Всушност Барселона не ви дозволува да размислувате поинаку. Секако дека некогаш хипотетички ми паѓа на памет како би ми било во друга лига, пример Англија, но не можам да замислам дека размислувам да заминам Барселона, а не пак да донесам таква одлука“, зборуваше Меси.
Новинарот тогаш го потсети Меси на изјава од таткото на Кун Агуеро кој сонувал тој и неговиот си да играат заедно и на клупски план.
„Не, нема шанси јас да одам во Сити. Ако сака сонот да му се оствари, тогаш ќе мора Кун да дојде во Барселона“, изјави Аргентинецот.
Очигледно од летото 2018 година до денес многу работи се промениле во Барселона…