Дома Фудбал Инсајдер откри колку Баерн треба да плати за Чаби Алонсо

Инсајдер откри колку Баерн треба да плати за Чаби Алонсо

Томас Тухел ќе го напушти Баерн на крајот од сезоната. Клубот од Минхен е на второто место во Бундеслигата, односно зад Баер Леверкузен и загуби од Лацио (1:0) во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите. Лошите резултати доведоа до договор за заминување на Тухел една година пред крајот на неговиот договор.

Баерн, значи, бара нов специјалист, а меѓу најголемите желби е тренерот на ривалите на Баерн, Чаби Алонсо. Шпанецот на клупата на тимот на Леверкузен седи од август 2022 година и оваа сезона со него постигнува фантастични резултати. Тој е лидер во Бундеслигата со осум бода повеќе од Баерн, без ниту еден пораз, победи во полуфиналето на Купот на Германија, а го чека осминафиналето од Лигата на Европа против Карабаг.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Договорот на Алонсо е со важност до 2026 година, но инсајдерот на Скај, Флоријан Плетенберг, тврди дека не би имал ништо против ако на лето го преземе Баерн со кој веќе започнал преговори. Плетенберг наведува дека 42-годишниот Алонсо нема излезна клаузула во договорот, но има усно ветување од раководството на Баер дека ќе го пушти доколку пристигне соодветна понуда од Баерн или Ливерпул.

Скај: Баерн или Ливерпул би требало да платат 15 милиони евра за Алонсо
Со оглед на тоа што нема клаузула, Баерн и Баер би морале да се договорат за обештетувањето за хит-тренерот оваа сезона. Според Скај, клубот кој ќе сака да го донесе би требало да плати меѓу 15 и 25 милиони евра. Доколку решат да преговараат за оваа зделка, тогаш ќе важи излезната клаузула од 15 милиони евра.

Заедно со Алонсо, Баварците размислуваат и за тренерот на Брајтон, Роберто Де Зерби. Алонсо, кој во својата богата играчка кариера настапуваше за Ливерпул, Реал и Баерн, се уште не ги коментира гласините за промена на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Видете го „лудото“ славје на „Граѓаните“🎥

Манчестер Сити ја освои титулата во Премиерлигата, која беше четврта по ред. Гвардиола ста…