Дома Фудбал Останато Иниеста се борел со депресијата: Најдобар дел од денот ми беше кога легнував да спијам

Иниеста се борел со депресијата: Најдобар дел од денот ми беше кога легнував да спијам

Андрес Иниеста во светскиот фудбал ќе остане запаметен како човек кој освои се и на клупски и на репрезентативен план, тој се уште е активен и игра фудбал во Јапонија во дресот на Висел Кобе.

Иниеста сега одлучи да зборува на тема за која досега не се огласил јавно – за депресијата. Легендарниот Дон Андрес откри дека веќе подолго време бил во депресија.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Одлучив сега да зборувам за моето ментално здравје и мојата борба со депресијата. Знам дека сум јавна личност, но некои работи морав да ги кажам такви какви што се. Во ниту еден момент не размислував дали некој ќе ме нарече луд или слаб…

Во борбата со депресијата најдобриот дел од денот ми беше кога земав апче и одев да спијам, ја губев животната радост. Легнував до сопругата и ми се чинеше како да гушкам перница.

Ништо не чувствував. Терапијата се уште не ми е завршена и се уште еодам затоа што сакам да имам мир во себе“, изјави легендарниот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пеп го губи „компасот“: Гвардиола ги изненади навивачите со изборот на лев бек за дербито против Јунајтед

На „Етихад“ утре ќе се одигра големото градски дерби меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунај…