Шпанскиот фудбалер Андрес Иниеста денес и официјално беше претставен како нов фудбалер на јапонскиот Висел Кобе.
Иниеста неодамна објави дека ја напушта Барселона каде што ја помина цела досегашна кариера, а неколку недели потоа не беше познато каде ќе ја продолжи кариерата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Денес Иниеста стави потпис со тимот на Кобе, а во својата прва изјава откри зошто го избрал овој клуб.
„Имаше многу понуди, многу клубови покажааа заинтересиранот. Сепак, одлучив да потпишам договор со Висел Кобе бидејќи проектот кој ми беше претставен ме импресионираше. Ова е посебен ден за мене, важен предизвик. Моето семејство е возбудено поради Јапонија и многу сме задоволни“, изјави Иниеста на претставување во Јапонија.
Финансиските детали се уште не се објавени, но јапонските медиуми шпекулираат дека легендарниот Шпанец ќе заработува дури 30 милиони долари годишно.