Дома Фудбал Иниеста: Генерација како нашата тешко дека ќе се повтори, но…

Иниеста: Генерација како нашата тешко дека ќе се повтори, но…

Легендарниот играч на Барселона, Андрес Иниеста порачува дека неговата генерација тешко дека ќе се повтори, но сепак не е толку лошо.

Да потсетиме, Иниеста играше во генерација со Валдес, Чави, Пујол, Алвес и останатите легенди кои помеѓу останатото освоија четири ЛШ во девет сезони.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сосема е јасно зошто Иниеста смета дека таков тим во кој тој играше тешко може да се повтори.

„Таква генерација нема да се повтори, но она што следува не мора да значи дека ќе биде полошо во однос на резултатите.“ – порача Иниеста.

Инаку, денешната генерација на Барса чека веќе пет години на трофеј во Лига на шампиони.

Кога станува збор за неговата кариера, Иниеста денеска е член на јапонската екипа Висел Кобе. Тука е веќе две години и нема намера наскоро да ја заврши кариерата.

„Моментално сакам играчката кариера да ја продолжам што е можно подолго, сакам да ја шутирам топката додека можам бидејќи ме прави среќен. Имам договор до 2021. година, но секогаш на крајот од сезоната оценувам дали се чувстувам добро, мотивирано. Кога ќе ја завршам кариерата секогаш кажувам дека сакам да се вратам во Барса.“ – додаде Андрес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се појави изгледот на новиот дрес на Милан, „росонерите“ се враќаат 100 години назад

По неуспешната сезона во италијанскиот и европскиот фудбал, во следната сезона Милан ќе се…