Дома Фудбал Останато Инзаги си го избра омилениот гол во кариерата и тој не му е препишан нему (ВИДЕО)

Инзаги си го избра омилениот гол во кариерата и тој не му е препишан нему (ВИДЕО)

На вчерашен ден пред 17 години беше одигран епскиот натпревар помеѓу Милан и Ајакс во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Натпреварот во Амстердам заврши без победникот, а на „Сан Сиро“ беше 2:2 се до последните минути кога Инзаги постигна гол за победа од 3:2 или поточно кажано беше најзаслужниот, но не погоди.

Тој гол е препишан на Јон Дал Томасон кој последен ја допре топката која и онака ќе влезеше во голот.

„Тоа се случи пред 17 години, но јас и денес чувствувам возбуда кога ќе се сетам на тој ден. На моментот се сеќавам како да беше вчера. Тој гол во судиското продолжение е мој омилен иако не ми беше препишан на мене“.

„Ако линискиот судија не ја следеше добро играта можеше да досуди и офсајд. Подоцна Милан таа сезона стана шампион на Европа, тоа беше доказ дека фудбалот некогаш знае да биде неверојатен“, објасни Инзаги.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Холандија ја пречекува Србија во Лигата на нации

Холандија ќе се обиде да ја зацврсти својата позиција на врвот во групата А2 од Лигата на …