Дома Фудбал Инзаги: Ова е дербито кое треба да се игра со глава и срце

Инзаги: Ова е дербито кое треба да се игра со глава и срце

Милан и Интер утре ќе го одиграат првиот полуфинален натпревар од Лиагата на шампиони.

Тренерот на „нероаѕурите“, Симоне Инзаги изјави дека финалето пред почетокот на сезоната изгледало како сон, но сега е реалност.

„Откако ја мина групната фаза против Барселона и Баерн, тимот стана свесен колку вреди и колку може. Сакаме да веруваме и да се надеваме дека овие два меча можат да ни го донесат финалето кое во август изгледаше како сон“, изјави Инзаги.

„Ова е посебно дерби, ова е Дербито. Сите знаеме колку е важно за нас и сакаме да се претставиме најдобро што можеме. Ќе треба да играме со глава, но и со срце. За срцето немам никаков сомнеж, но ќе треба да излеземе мудро со ладни глави“, додаде Инзаг, кој на крај го прокометира отсуството на Леао.

„Сите ги знаеме неговите квалитети, ќе бидеме внимателни ако игра, но ситуацијата со него нема да влијае на нашиот план за игра. Милан е многу добар тим и без него“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Калафиори сака да ја води младата Италија: Прво Франција, па Белгија!

Италија ја пречекува Франција во битка за врвот во групата, а Рикардо Калафиори порачува д…