Екипата на Интер победи во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Ливерпул, но победата од 1:0 не им беше доволна за пласман во четвртфинале затоа што на првиот натпревар беа поразени со 2:0.
Тренерот на Интер Симоне Инзаги смета дека неговиот платил за незаслужено лошиот резултат во Милано.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Заслуживме повеќе, посебно во првите 75 минути во Милано. Дадовме се од себе на „Енфилд“ и вкупно гледано во двомечот ние бевме подобриот тим. Разочарани сме“, изјави Инзаги.
Стрелецот на голот за Интер во вчерашниот натпревар, Лаутаро Мартинез истакна дека тимот покажал напредок.
„Покажавме карактер и покажавме дека сакаме да напредуваме. Исто така добро игравме и на „Меаца“. Треба да извлечеме поука од оваа елиминација и да гледаме кон наредните натпревари“, изјави Лаутаро.