Фудбалерите на Интер вчера на домашен терен го совладаа чешкиот шампион Викторија Плзен со 4:0 и изборија пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Овој резултат особено го израдува тренерот на „нероаѕурите“, Симоне Инзаги, кој по лошиот старт на сезоната беше блиску и до отказ во миланскиот клуб.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Посебно е интересно што Инзаги успеа да ја помина групата во Лигата на шампионите со Интер, што не му успеа на многу повеќе ценетиот Антонио Конте, со кого „нероаѕурите“ ја освоија титулата во Серија А.
Така Инзаги двапати го водеше својот тим до осминафиналето на елитното натпреварување, такво нешто последен пат на Интер му успеа кога легендарниот Жозе Мурињо ја освои познатата „триплета“ во 2010 година, Португалецот исто така стигна до елиминациската фаза една година порано.