Раководството на ЖРК Вардар, објави дека ја прекинува соработката со тренерот Индира Кастаратовиќ.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
„На денешниот тренинг на играчите им беше соопштена одлуката за промената на тренерот. Ракометарките продолжуваат да се подготвуваат за следните предизвици во ЛШ, а без оглед на промените амбициите остануваа исти, а тоа е напад на самиот европски врв“, се вели во соопштението објавено на клупската интернет страница.
Индира Катратовиќ на кормилото на Вардар застана пред четири години, во тој период освои четири титули и три Купа на домашната сцена, а во Лигата на шампионките три пати го освојуваше третото место.