Лионел Меси, Серхио Агуеро и Месут Озил ја предводат листата на големи ѕвезди кои после Нова година ќе можат да преговараат со новите клубови.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Договорите им истекуваат на лето и од 1. јануари ќе имаат право да преговараат со клубовите кои сакаат да ги доведат. Една ваква листа од поодамна не изгледала толку импресивно. На неа се наоѓаат: Меси, Агуеро, Озил, Серхио Рамос, Анхел Ди Марија, Давид Алаба, Ванијалдум…
Секако најголемо внимание привлекува Меси, меѓутоа и останатите имиња се секако импресивни.
Меси ќе потсетиме во интервјуто за телевизијата „Ла Секста“ пред неколку дена призна дека во овој момент и тој не знае дали ќе остане во Барселона. Тоа ќе го решава на крајот од сезоната.
