Дома Фудбал Англија Има одлука и предлог до УЕФА: Манчестер Сити пред исфрлување од ЛШ!

Има одлука и предлог до УЕФА: Манчестер Сити пред исфрлување од ЛШ!

Комисијата донела заклучок и препорака, следи трка со времето и Лозана, но изгледа дека овој пат на „граѓаните“ им нема спас!

Манчестер Сити е во голем проблем, истрагата на ФИФА која започна со објавата на „Шпигел“ на основа на украдените мејлови од страна на „Фудбал Ликсз“ е завршена.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Обвиненијата биле конкретни, пумпање на договорот и плаќање од „џеп“ на сопственикот, како и прикажување на профит кој не е реален со цел да се остане во границите на ФФП.

Спроведената истрага покажала дека претходно добиените информации се точни, па комисијата која ја предводи поранешниот премиер на Белгија, Ив Летерм донела заклучок и дала предлог до УЕФА минималната казна на англискиот шампион да биде забрана за учество во Лигата на шампионите на една година.

Останува само прашањето на тајмингот.

Имено, Сити сигурно ќе се жали на арбитражниот суд во Лозана. Ако биде исфрлен би можела казната да им се одложи и „граѓаните“ сезоната која следи да играат во ЛШ. Меѓутоа ако судот во Лозана донесе одлука во текот на јуни според некои извори ќе има доволно време за УЕФА да одлучи кој ќе го замени Сити во најелитното европско натпреварување и англискиот шампион веднаш во следната сезона да не игра во ЛШ.

Сити веќе беше казнет со 60 милиони евра поради кршење на ФФП. Тогаш во прашање беше договор за да се избегне исфрлувањето од Европа, но сега нема никакви шанси да се постигне сличен договор.

Од англискиот шампион соопштија дека во прашање е организиран и јасен обид да се наруши репутацијата на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Изненадување: Аморим во Премиер лигата, но не во Ливерпул?!

Tренерот на Спортинг Рубен Аморим на големо се поврзуваше со Ливерпул, се најавуваше и дек…