По елиминацијата на ПСЖ од Реал Мадрид во Лигата на шампионите се појавија многу натписи за несогласувања во Париз, навивачите и отворено бараа заминување заминување на целото раководство, а не беше поштеден ниту Меси.
Меси доби свирежи од трибините, а дел од јавноста веќе подолго време коментира дека Меси не е среќен во Париз и дека тоа може да се забележи по неговиот говор на телото на натпреварите.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сега се во француските медиуми се појавија информација дека Аргентинецот не се појавил на тренингот на ПСЖ. Наводно станувало збор за болест, но се пишува и дека отсуството не е поради некоја причина, туку Меси едноставно сака да замине.
Ако најавите за втората опција се точни тогаш сигурно брзо и ќе се дозна, па останува наредните денови да покажат.