Алексис Санчез вчера и официјално стана играч на Манчестер Јунајтед и го облече дресот со легендарната „седумка“.
Чилеанецот не го криеше воодушевувањето за тоа што ќе игра, како што рече „во најголемиот англиски клуб“, а на претставувањето изјави дека уште како мал сонувал да заигра за Манчестер Јунајтед.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Уште како дете мојот сон беше да играм за Манчестер Јунајтед“.
Познато, зарем не? Медиумите веднаш го потсетија дека истото тоа го кажа и кога пристигна во Арсенал во 2014 година.
„Уште кога бев мал посакував да играм за Арсенал“, рече Санчез во 2014 година.
Нешто силично беше и кога го облече дресот на Барселона.
„Ова е остварување на мојот сон, уште како дете сонував да играм за Барелона. Ова е најголемиот клуб на светот“, беа зборовите на Санчез во 2011 година.
Па одлучи се веќе еднаш, или многу сонуваш!?!