Дома Фудбал Лига на шампиони Иличиќ со вчерашниот „покер“ се запиша во историјата на Лигата на шамионите

Иличиќ со вчерашниот „покер“ се запиша во историјата на Лигата на шамионите

Вчера Аталанта одигра уште еден одличен натпревар и со 4:3 ја победи Валенсија во реваншот на „Местаља“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


До победата Аталанта дојде благодарение на фантастичниот Јосип Иличиќ кој ги постигна сите четири гола за тимот од Бергамо. Со овие четири гола Иличиќ го запиша своето име во историјата на Лигата на шампионите.

Словенецот стана првиот фудбалер кој на еден натпревар на гости во нокаут фазата од најелитното европско натпреварување постигнал четири гола.

Пред Иличиќ по четири гола постигнувале Меси (два пати), Марио Гомез и Роберт Левандовски, меѓутоа сите тројца головите ги постигнаа на домашен терен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Иран херојски ја запре Белгија

Националните тимови на Белгија и Иран одиграа реми 0:0 во Инглвуд, Калифорнија, во вториот…