Дома Фудбал Италија Иличиќ се „собрал“ и започнал борба против депресијата: За 20 дена ослабел 10 килограми

Иличиќ се „собрал“ и започнал борба против депресијата: За 20 дена ослабел 10 килограми

Изненадувачки звучеше веста дека ѕвездата на Аталанта Јосип Иличиќ ќе се повлече од фудбалот поради депресија.

Официјално не е познато поради што Иличиќ паднал во тешка депресија, шпекулациите говореа дека ја затекнал сопругата со друг, па тоа тешко му паднало после карантинот поради коронавирусот.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Како и да е што и да било тоа е зад Иличиќ. Тој е вратен во Италија, се уште не игра натпревари за Аталанта, но започнал борба против болеста.

Медиумите на Апенините пишуваат дека Иличиќ 20 дена не излегол од дома и во тие денови изгубил цели 10 киограми.

Во сезоната која е зад нас Словенецот блескаше и беше еден од најдобрите играчи на Аталанта која беше хит во првенството. Сезоната Иличиќ ја заврши со 21 гол на 34 натпревари. Треба да се спомене и дека целата не ја доигра. Иличиќ не беше дел од завршницата во Лигата на шампионите каде што Аталанта беше елиминирана во четвртфиналето од ПСЖ.

Наводно на Иличиќ тешко му паднале сликите Бергамо, град кој беше еден од најпогодените од коронавирусот, а како „капак на се“ дошло тоа неверство од сопругата за кое се зборува, меѓутоа ништо не може да се каже со сигурност затоа што не е потврдено.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Селекторот на Белгија соопшти добри вести за навивачите

Селекторот на белгиската репрезентација Доменико Тедеско вечерва изјави дека бекот Том Мен…