Дома Фудбал Италија Икарди х3, Банега х3 – АргентИнтер со бура од голови каква не е виденa половина век

Икарди х3, Банега х3 – АргентИнтер со бура од голови каква не е виденa половина век

Тоа е таа добитна врска. Кога играат Мауро Икарди и Евер Банега, игра и Интер. А кога му се има погодено денот на Банега, тоа е плодно трло и за тресење на мрежата од страна на Мауро Икарди.

Аргентинскиот тандем постигна по еден хет-трик поединечно и одигра спектакуларна партија во која Интер ја демолираше Аталанта со 7:1 и се уфрли во делот од табелата каде се води борбата за пласман во Европа.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Аргентинците испишаа историја за Интер. Во некогаш најславната генерација блескаа Занети, Самуел, Милито, Камбијасо, а денес аргентински мајстори на фудбалот повторно најавија подобри денови за славниот клуб од Милано. Вчера можеше да се види вистински фудбалски танц од страна на аргентинскиот двоец, а се докажа и дека Интер ќе направеше кардинална грешка ако го продадеше Банега поради финансискиот фер-плеј за што долго се зборува.

Со полет на споменатиот тандем, Интер уште во првото полувреме ја уништи Аталанта, чија одбрана правеше почетнички грешки. Во интервал од 17 минути, Нероазурите им спакуваа на противниците дури пет парчиња во нивната мрежа. Интер повеќе од половина век нема дадено пет гола во едно полувреме. Последен пат тоа се случил во 1946 година.

Икарди ја отвори серијата во 17-та минута, претходно сам изнудувајќи слобден удар после кој настана гужва која самиот најдобро ја искористи. Шест минути подоцна го искористи и пеналот кој сам го изнуди. Во 26 минута за хет-трик ја искористи одличната асистенција на Банега.

А тогаш на сцена настапи и самиот Банега. За три минути Кандерва два пати му асистираше, а Аргентинецот беше два пати прецизен. Фројлер успеа да го финишира полувремето со почесен гол за Аталанта. Серијата голови за Интер продолжи во 52 минута, кога погоди јануарското засилување на Интер, Роберто Гаљардини, кој дојде токму од Аталанта и кој во вториот натпревар по ред беше стрелец за Интер. Од почит кон клубот кој го лансираше, тој не го славеше погодокот против Аталанта. Точка стави Банега со гол од слободен удар.

Со перфектната игра Нероазурите ги воодушевија своите 60.000 фанови на Меаца, најавувајќи подобри денови за тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…