Дома Фудбал Италија Икарди: Уште помило ми е што победивме во 93 минута

Икарди: Уште помило ми е што победивме во 93 минута

Мауро Икарди беше јунак во миланското дерби во кое со гол во третата минута од судиското продолжение му донесе победа на својот Интер против Милан со 1:0.

Аргентинецот после натпреварот порача дека Интер можел и порано да дојде до водство и да го осигура триумфот, но дека вака е послатко.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Минатата седмица само размислувавме за дербито и рековме дека мора да победиме. Едноставно, тоа ни беше целта и така мораше да биде. Можевме и порано да постигнеме погодок и да го решиме натпреварот, но уште помило ми е што славевме на ваков начин, со гол во 93. минута.“ – изјави Икарди.

На прашањето за натпреварот со Барселона во среда, Икарди даде оптимистички одговор.

„Знам добро колкав потенцијал има нашата екипа. Можеме да се бориме со сите, па така и со Барселона.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Новинарот ќе добие тужба: Рудигер ја објасни фотографијата која предизвика бурни реакции

Фудбалерот на Реал Мадрид и германската репрезентација Антонио Рудигер се најде во неприја…