Дома Топ вести Икарди се враќа во Серија А

Икарди се враќа во Серија А

Мауро Икарди на лето би можел да се врати во Серија А, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Икарди оваа сезона игра во Галатасарај како позајмен фудбалер од ПСЖ и во Турција си ја „оживеа“ кариерата.

Аргентинецот е во извонредна форма и на последните 14 меча постигна 9 гола и 6 асистенции.

Икарди на лето ќе се врати во ПСЖ, но јасно е дека за него нема повеќе место во Париз, а интерес за него покажуваат италијанските клубови.

Најсилен е интересот на Јувентус, но и Наполи ја следи ситуацијата и ќе сака да го донесе доколку замине Осимен.

29-годишниот напаѓач сака да се врати во Италија и е спремен да прифати помала плата за повторно да игра во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…