Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди не е омилен помеѓу навивачите на Интер поради последните случувања.
Икарди и Ванда Нара не се во добри односи со управата на Интер откако одолговлекуваа со потпишувањето на новиот договор. Аргентинецот остана без капитенската лента и во клубот сметаат дека лажира повреда.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Поради сето ова најдобриот играч и стрелец на лето многу веројатно ќе го напушти Интер, а навивачите на Интер ги лути уште повеќе тоа што најмногу се поврзува со Јувентус.
Новинарот Танкреди Палмери неодамна објави дека Интер веќе го продал Икарди на Јувентус, додека претходно Валер Де Маџо (исто така новинар) тврдеше дека Икарди ја изгубил капитенската лента затоа што се договорил со шампионот на Италија.
Голема прашина во Италија се крена и кога дефанзивецот на Јувентус Џорџо Киелини започна да го „следи“ Икарди на Инстаграм.
Сега напаѓачот повторно е во центарот на вниманието поради популарната социјална мрежа. Имено, Икарди сега „лајкна“ објава на неговиот поранешен соиграч Жоа Кансело, меѓутоа тоа е објава во која Португалецот со својот тим ја прославува победа против Наполи во вчерашното дерби.
Секако, тоа не мора ништо да значи, но факт дека Икарди и Јувентус во последно време многу се поврзуваат, па поради тоа не можеме да кажеме дека поврзувањето на Икарди со „старата дама“ е само медиумска шпекулација.