Мауро Икарди јавно откри дека е во преговори со Интер за продолжување на соработката и напомена дека не е загрижен околу исходот.
Аргентинецот и оваа сезона игра фантастично и синоќа му донесе победа на Интер против Удинезе.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Неговата сопруга и агент Ванда Нара, пред неколку дена откри дека ја разгледува понудата за продолжување на договорот.
„Ванда е во преговори со претставниците на клубот. Мое е да мислам само за тоа што се случува на теренот. Ќе потпишам кога ќе ми кажат дека е време за тоа. Нема простор за грижа“, изјави Икарди.
Икарди е мета на многу европски гиганти, меѓу кои и Реал Мадрид, а проблем за Интер е неговата откупна клаузула од 110 милиони евра.
„Нероаѕурите“ сакаат во новиот договор да стават многу поголема откупна клаузула.