Дома Фудбал Италија Икарди не игра и против Сампдорија – во објаснувањето никој не верува!

Икарди не игра и против Сампдорија – во објаснувањето никој не верува!

Maуро Икарди се уште не го продолжил договорот со „Нероаѕурите“, а после тоа што се случуваше и што се случи тешко дека такво нешто ќе видииме.

Икарди ја изгуби капитенската лента и таа во иднина ќе ја носи Сами Хандановиќ. Покрај тоа беше изоставен од тимот за вчерашниот натпревар на Интер против Рапид Виена.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како извор на сите проблеми се наведува неговата сопруга и агент Ванда Нара. Критики доби и од страна на Фабио Капело кој директно ја обвини неговата сопруга.

„Во соблекувалната на еден тим во никој случај не смее да се дозволи сопругата на фудбалерот кој е капитен да зборува што ќе стигне во јавноста на штета на клубот. Џабе Икарди се поздравува со судијата на натпреварот кога очигледно капитенот на Интер е во неговиот дом“.

Денес пристигнува нова информација – Икарди не игра ниту против Сампдорија!

Изоставувањето на Икарди и за овој натпревар е јасен показател дека нешто се случува помеѓу капитенот и клубот.

Наводно причината за неиграњето на Икарди и на оваа средба откако го пропушти натпреварот против Рапид е ситна повреда, но никој не верува во такво нешто.

Ќе потсетиме во медиумите се појави и изјавата на новинарот Ди Баџо кој тврди дека сето ова се случува затоа што Икарди веќе има договор со Јувентус.

„Мислам дека во Интер веќе знаат дека Икарди има договор со Јувентус. Интер е голем клубот и Марота е одличен спортски директор кој добро си ја знае работата. Одземањето на капитенската лента е голема одлука и поради тоа сум сигурен – Икарди веќе постигнал договор со Јувентус“, порача Де Маџо.
Како се ќе биде завршено останува времето да покаже.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …