Дома Фудбал Италија Икарди договорил трансфер: Сепак „гугл“ помогна да се запознае со новата средина?!

Икарди договорил трансфер: Сепак „гугл“ помогна да се запознае со новата средина?!

Мауро Икарди веќе неколку сезони е брилијантен во дресот на Интер и само е прашање на време кога овој аргентински напаѓач кариерата ќе ја продолжи во некој од најголемите клубови на светот.

Познато е дека Икарди во 2008. година пристигна во Барселона кога имаше 15 години. Икарди три години беше член на познатата „Ла Масија“, ни никогаш не доби вистинска шанса да се докаже на „Ноу Камп“. Аргентинецот во 2011. година одлучи да ја промени средината, а на изненадување на многумина кариерата ја продолжи во дресот на Сампдорија.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Се испостави дека тоа е вистински потег за овој напаѓач. Една година мина во јуниорскиот тим, а веќе следната беше промовиран во првиот тим. Во нападот тогас конкуренти беа Казано и Пазини, но Икарди успеа да запише 33 настапи и постигне 11 погодоци, а потоа веќе летото 2013. година, премина во Интер. Но, трансферот во Сампдорија е посебна приказна.

„Можев да останам во Барселона и да чекам на прилика, но едноставно чувствував дека тоа не е окружување кое мене ми одговара. Играта на Барса баш и не е за мене, и не се мислев многу околу заминувањето. Вистина е дека морав да гуглам за Саммпдорија бидејќи никогаш не слушнав за тој клуб до тогаш. Во Барселона ми зборуваа со кого ќе играм, ама мислев се шегуваат“, истакна Икарди и додаде:

„Во Сампдорија имав одличен старт и многу брзо се навикнав на сето тоа. Тука беше и Педро Обианг кој ми помогна многу. Не останав долго таму бидејќи сум играч кој не се врзува за некој клуб. Можеби Интер е нешто поинакво, но сигурно е, бидејќи тука сум веќе четири години и немам намера да си заминам“.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …