Мауро Икарди се наоѓа на излезните врати во Интер. Аргентинецот претходните месеци има големи проблеми со раководството на екипата, соиграчите и навивачите и никако не е омилен поради се што направи.
Се поизвесно е дека овој 26-годишен напаѓач ќе ја напушти Џузепе Меаца, но се уште не е познато каде ќе ја продолжи кариерата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Понуди стигаат од сите страни, а официјални понуди на адреса на тимот од Милано пристигнаа од Атлетико и ПСЖ. Сепак, Икарди не ги прифати, бидејќи не сака да замине од Италија и бара трансфер во Јувентус.
Интер не сака да го засили конкурентот и раководството на клубот не сака да го продаде на Старата дама. Сепак, економските причини и амбиции за кариера на Икарди водат кон Торино и лесно може да се случи да го облече дресот на италијанскиот шампион следната сезона.