Андреј Тодороски продолжува со добрата форма во српската Суперлига во дресот на Спартак.
Фудбалерот кој е роден во Прилеп денеска постигна гол од слободен удар во 94. минута со кој беше херој на својот тим во ремито со ОФК Београд.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тодороски за српските медиуми веќе изјави дека во иднина сака да игра за Македонија, меѓутоа чека на документацијата бидејќи поседува само австриски пасош. Најголемиот дел од својот живот Тодороски го помина во Австрија каде што уште во детството се пресели со семејството.