Дома Фудбал Лига на шампиони Изјава на Марко Ројс за која му се смее цел свет

Изјава на Марко Ројс за која му се смее цел свет

reus

Германскиот фудбалер Марко Ројс даде една изјава која денеска беше дочекана со потсмев.

Најголемата ѕвезда на Дортмунд смета дека овој тим може да ја надомести негативата од три погодоци против Тотенхем и да се пласира во четвртфиналето во ЛШ.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Многумина сметаа дека ова е невозможно со оглед на тоа дека Дортмунд игра очаен фудбал во последно време. Милионерите во последните седум натпревари запишаа само една победа. Сепак, Ројс смета дека ќе го прегазат Тотенхем.

„Одигравме многу натпревари на овој стадион во кои испишавме историја и мислам дека сме способни да го активираме невозможното. Важно е да веруваме во себе и да одиграме одличен натпревар.“ – изјави Ројс и додаде:

„Потребно е да го најдеме балансот меѓу одбраната и нападот. Мора да постигнеме погодоци во вистински момент. Морам да кажам дека имаме верба во себе.“

Нормално, сега изјавата на Ројс е помалку смешна, но топката е округла и никогаш не се знае што може да се случи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Чави е пред договор со новиот клуб!?

Чави Ернандез се уште стои на ставот дека заминува од Барселона на крајот на сезоната, рак…