Фудбалерите на Манчестер Јунајтед вчера доживеаа нов пораз.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Црвените ѓаволи“ во рамките од осмото коло во Премиер лигата на гости беа поразени од Њукасл со 1:0, а после натпреварот искрен пред новинарите беше голманот Давид Де Геа кој изјави дека ова е неговиот најтежок период од кога е во клубот.
„Навистина не знам што да кажам. Ова е најтешкиот момент од кога дојдов тука. Не знам што се случува. Не можеме дури да постигнеме еден гол на два натпревари. Тоа е неприфатливо. Не е проблемот само во овој натпревар, туку во целата сезона“, порача разочараниот Де Геа.
Манчестер Јунајтед после овој пораз се наоѓа на 12-тата позиција во англисктоо првенство со само два бода повеќе од опасната зона. Она што сигурно не им се допаѓа е што во следното коло после репрезентативната пауза играат против Ливерпул.
Инаку, според бројките ова е најлошиот Манчестер Јунајтед од кога постои Премиер лигата.