Колку и Манчестер Јунајтед да е лош сепак вчера успеа да не биде поразен од Ливерпул кој во овие моменти е во многу подобра форма (1:1).
Манчестер Јунајтед можеше и да запише победа со оглед на тоа што имаше предност до 85-тата минута кога за Ливерпул гол постигна Адам Лалана.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Дел од фудбалерите на Ливерпул вчера не беа на ниво, а многу проблеми со Рашфорд имаше Вирџил Ван Дајк.
Холанѓанецот важи за најдобар стопер, меѓутоа вчера поради одличниот настап на англискиот репрезентативец имаше главоболки.
Благодарени не конституцијата и долгиот чекор исклучително е тешко да го претрчате, а уште потешко Ван Дајк да го испратите на под.
Ова второто вчера му успеа на Рашфорд кој прв дојде до една топка и доби дуел со Ван Дајк, неколку моменти подоцна Холанѓанецот се најде на подот. Тоа не е ситуација на која е навикнат, па фоторепотерите не пропуштија да го фотографираат неговиот израз на лицето.
Rashford strips Van Dijk of the imaginary Balon Dor Liverpool fans gave him. ???#MUNLIV pic.twitter.com/DCSJXCvJY8
— Chijioke Mbaka (@Mbaka_Ogonnaya) October 20, 2019