Израелскиот фудбалер Сагив Јехезкел предизвика меѓународен инцидент по голот што го постигна во првенството на Турција викендов.
Јехезкел му донесе бод на својот Анталијаспор со голот во 68. минута против Трабзонспор на домашен терен (1:1), но тој гол многу лесно може да му донесе отказ.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Кога постигна гол, Јехезкел тргна кон фоторепортерите и ТВ камерите каде покажа на зглобот на левата рака.
На него имаше завој и натпис – „100 дена, 7.10“. Со тоа тој алудираше на нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, односно колку денови биле израелските заложници (од нив 130) во заробеништво пред да бидат ослободени. Тоа е прифатливо во Израел, но не и во Турција.
Не требаше многу време неговата прослава да стане вирална на социјалните мрежи, особено што Турците се на страната на Палестина во овој конфликт, па еден час по натпреварот Анталијаспор мораше да се извини – и веднаш да објави дека Савиг Јехезкел треба да биде суспендиран.
Бидејќи „постапил спротивно на државните интереси на Турција“, се очекува да добие и отказ, бидејќи суспензијата не ги задоволи доволно апетитите на гневните навивачи: „Неговиот договор ќе биде раскинат, не прифаќаме такво однесување на поединци, па нека не чини и титула“, изјави претседателот на клубот Синан Бозтепе.
Проблемите за Израелецот не завршија тука, бидејќи веднаш по натпреварот беше приведен. Обвинителството во Анталија покрена истрага против фудбалерот затоа што со својот гест „ги поттикнувал луѓето на омраза и непријателство“, што го најави дури и турскиот министер за правда Џилман Тунч.
Јехезкел игра десно крило и повремено игра за репрезентацијата на Израел, додека во Анталијаспор е од минатото лето кога за 850 илјади евра дојде од Хапоел Бершева. Засега има шест гола и две асистенции.
Here is today’s game-tying goal by Israeli
— The Israel Files (@theisraelfiles) January 15, 2024
Sagiv Jehezkel, who saved his team, Turkish side Antalyaspor, from a loss.
Sagiv has since been kicked off his team and arrested by Turkish authorities because he pointed to a bandage on his wrist that said: “100 days, 07/10,” a… pic.twitter.com/SDqlcN6qCz
KONTROVERSI 🇮🇱
— MEDIOCLUB (@medioclubID) January 15, 2024
Penggawa Antalyaspor, Sagiv Jehezkel lakukan selebrasi dengan tunjukan tulisan "7 Oktober" + Bintang Daud sebagai dukungan ke Israel.
Klub mengeluarkan Jehezkel dari skuat dgn kemungkinan pemutusan kontrak sesegera mungkin. Ia jg ditangkap kepolisian Turkiye ✍️ pic.twitter.com/RZ6sDJRzKN