Иако, „росонерите“ се обидуваат да ги смират тензиите полека станува јасно што ќе се случи.
Виченцо Монтела веројатно знае дека неговата работа во Милан е доведена во прашање, но истакна дека притисокот во клуб како Милан е нормална работа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тој зборуваше за обидите на Берлускони да му наметне некои фудбалери кога беше именуван за тренер. Но, тоа е минато.
Кинеските сопственици имаат многу проблеми и надвор од теренот, а пораз на „Меаца“ во градското дерби против Интер би значел и крај за Монтела.
Во италијанските медиуми се пишува дека веќе е спремен и неговиот наследник. Имено, во случај Монтела да заработи отказ тимот од крајот на сезоната ќе биде предводен од Рино Гатузо. Тој се врати во Милан да биде тренер на младинскиот тим, но доколку Монтела биде отпуштен ќе го превземе тренерското место и ќе ги води „росонерите“ до крајот на сезоната.
Но, Гатузо реално сеуште не е докажан тренер и пласманот во топ 4 би можел да биде доведен во прашање, а без приходите од Европа, Милан ќе мора да продава.
Сепак, за пофалба е успехот на Гатузо да ја внесе Пиза во Серија Б во невозможни услови и без финансиска поддршка.