Изгледа дека носителот на „Злтанта топка“, Кристиано Роналдо размислува за опцијата кариерата да ја продолжи во некој кинески клуб.
Ова денес го потврди бразилскиот тренер Луис Филипе Сколари, кој веќе две години е тренер на Гуангжу Евергранде.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Имено, Роналдо имал средба со Сколари и се интересирал за фудбалот во Кина.
„Точно е, Роналдо ме прашуваше како е таму, каков е животот, му го дадов најдобриот можен совет. Кина фудбалерите можат да ја доживеат поинаку, но Роналдо е индустрија, најголем фудбалер на светот, бренд кој би процветал во најмоќната земја на светот. А денешната Кина е токму тоа. И нема причина да не го направи тоа ако има шанса таму да ја продолжи кариерата, тоа е златна шанса за него“, изјави Сколари.
Роналдо не ја исклучуваше можноста кариерата да ја заврши во САД, после завршувањето на договорот со Реал, но сега и Кина е сериозна опција за Португалецот.
Is @Cristiano heading to China?
https://t.co/e7fgzqS9lS pic.twitter.com/86WeMM74jK— Lizzy Sports Complex (@lizzysports) March 20, 2018