Дома Трансфер зона Изненадување од Островот: Челзи го менува Жиру со Агуеро?

Изненадување од Островот: Челзи го менува Жиру со Агуеро?

Серхио Агуеро после една деценија во Манчестер Сити, четири титули во Премиер лигата, 384 натпревари и 257 голови изгледа ќе си замине.

Договорот на Аргентинецот со Сити истекува на крајот од сезоната и во овој момент не изгледа дека ќе добие нов.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


И да не добиe понуда за продолжување на соработката Агуеро сигурно нема да има проблем да пронајде нов ангажман. Претходно неговото име се поврзуваше со ПСЖ и Барселона, а сега во игра влезе и Челзи.

Од доаѓањето на Томас Тухел во клубот Челзи игра како препороден најдобро се виде тоа во вчерашниот натпревар против Атлетико Мадрид кога избраниците на Симеоне беа целосно надиграни.

Меѓутоа од Челзи најверојатно на лето ќе си замине Оливие Жиру и клубот ќе побара негова замена. Сега наводно исто како ПСЖ и Барса и Челзи погледот го насочил кон 32 годишниот Аргентинец.

Барселона наводно веќе имала некои неформални разговори, ПСЖ може да понуди нешто повеќе пари, но се шпекулира дека Агуеро има желба да остане во Англија. Во тој случај Челзи би избил во прв план.

Крајот на сезоната се наближува, а така доаѓа и почетокот на летниот преоден рок, па останува да видиме што ќе се случува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…