Дома Трансфер зона Изненадување од Островот: Арсенал тргнува по Стерлинг!?

Изненадување од Островот: Арсенал тргнува по Стерлинг!?

Европа беше изненадена кога Рахим Стерлинг во 2015 година го напушти „Енфилд“ и премина само неколку десетина километри од Манчестер, а сега повторно се пишува за можна промена на средината Стерлинг.

Како што пишува „Дејли Мајл“ Арсенал спремил понуда за англискиот репрезентативец и таа наводно би пристигнала во Манчестер во наредните неколку дена. Имено, во Арсенал се свесни дека уште една сезона е испуштена и дека се неопходни големи промени во тимот. Летниот преоден рок само што не започнал, а се шпекулира дека тимот од северен Лондон има големи планови.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наводно и во Манчестер Сити се спремни да се откажат од Стерлинг. Стерлинг сезонава одигра 48 натпревари и оствари учинок од 14 гола и 12 асистенции во сите натпреварувања, додека во сезоната 2019/2020 неговиот скор беше 30 голови и 10 асистенции на 52 одиграни натпревари.

Падот на формата на Стерлинг е јасно видлив па можеби и има вистина во најавите дека Гвардиола не смета премногу на него за наредната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …