Дома Фудбал Останато Изненадување од Мадрид: Перез го враќа Анчелоти на клупата!?

Изненадување од Мадрид: Перез го враќа Анчелоти на клупата!?

Зинедин Зидан неодамна го напушти Реал Мадрид, а кралевите интезивно работат на негов наследник.

Во медиумите се споменуваат имиња на неколку големи тренери, но според медиумите во Шпанија прв избор на Реал е Карло Анчелоти. Флорентино Перез смета дека тој е вистинскиот човек кој може да го врати на Реал на трофејниот пат.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Токму Анчелоти беше ментор на Зидан од 2013 до 2015 година, Карло го водеше Реал до 10. титула во Лигата на шампионите, а Зидан му беше асистент. Анчелоти во првата сезона го освои и купот после победа над Барселона во финалето, но втората ја заврши без освоен трофеј и Перез на негово место го доведе Бенитез.
Анчелоти потоа работеше во Баерн, па Наполи, а во овој момент е во Евертон.

Високо на листата желби на Перез котира и Маурисио Покетино кого Перез исклучително го цени, но

Аргентинецот неодамна дојде во ПСЖ и тешко дека може да се очекува некоја промена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…