Дома Фудбал Репрезентации Изненадување на денот: Светските вицешампиони не победија во Баку (ВИДЕО)

Изненадување на денот: Светските вицешампиони не победија во Баку (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Хрватска после убедливата победа над Словачка гостуваше во Баку кај Азербејџан и во овој натпревар освои само бод (1:1).

Иако избраниците на Златко Далиќ имаа водство и голем број прилики не успеаа да ги освојат комплетните три бода, па си ги искомплицираа работите во групата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Уште во воведните неколку минути Хрватска имаше два зицери, но Ребиќ на два пати од изгледни позиции не успеа да погоди.

Добрата игра на стартот на Хрватска и се исплатеше во 11 кога еден домашен играч направи пенал, сигурен реализатор беше Лука Модриќ.

Никола Власиќ имаше два удари до крајот на првиот дел, но резултатот не се менуваше, а голот кој го постигна Назарев во судиското продолжение од првиот дел беше поништен поради офсајд.

Во продолжение беше поништен уште еден гол на Азербејџан, кој до крајот успеа да се спаси од пораз. Кализада мајсторски помина низ одбраната на Хрватска и го матираше Ливаковиќ за 1:1.

За Азербејџан ова беше прв освоен бод во квалификациите за ЕП додека Хрватска после пет кола има 10 бода, Унгарија има девет бода и натпревар помалку, Велс и Словачка освоија по шест бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Манчестер Јунајтед одлучи да го отпушти Тен Хаг

Манчстер Јунајтед на крајот на сезоната ќе го откупшти тренер Ерик Тен Хаг, тврдат медиуми…