Дома Трансфер зона Изненадување: Најскапиот голман станува „крал“

Изненадување: Најскапиот голман станува „крал“

Голманот на Челзи, Кепа Аризабалага минатото лето пристигна на „Стемфорд Бриџ“ од Атлетик Билбао и стана најскап голман во историјата на фудбалот.

Кепа дојде како замена за Тибо Куртоа, кој се пресели во Реал Мадрид, а Челзи за неговиот потпис искешира 80 милиони евра. Иако, направи неколку скандали, покажа дека е голман на кој може да се смета во иднина.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сеапк, во англиските медиуми се појавија информации дека Шпанецот после само една година би можел да го напушти „Стемфорд Бриџ“. Наводно, Зинедин Зидан за него покажа огромен интерес и сака да го донесе во Реал Мадрид.

Зидан не е задоволен од Куртоа, кој веројатно на лето ќе бара нов клуб, па покрај Навас сака во тимот да го има и Кепа. Овој 24-годишен голман може да биде алтернатива за Давид Де Геа, кој Реал со години се обидува да го донесе на Бернабеу.

Де Геа со „кралевите“ се поврзува и овие денови, но тој е во преговори со Манчестер Јунајтед и се очекува да потпише нов договор.

Реал Мадрид беше заинтересиран за Аризабалага и во минатото кога тој ги бранеше боите на Атлетик Билабао, но тогаш не дојде до реализација на трансферот.

Сепак, мора да се признае дека ваков трансфер би бил шокантен со оглед на огромната сума која ја плати Челзи за да го донесе во Лондон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…