Дома Фудбал Останато Изненадување: Мурињо добил понуди од Франција, но не од ПСЖ!

Изненадување: Мурињо добил понуди од Франција, но не од ПСЖ!

Жозе Мурињо во декември ја напушти клупата на Манчестер Јунајтед и од тогаш е без тренерски ангажман.

Португалецот се поврзува со бројни европски клубови, неодамна самиот потврди дека одбил три-четири понуди и најави дека ќе се врати во тренерските води во текот на летото.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Би сакал на тренирањето да се вратам на лето, така ќе имам прилика припремите со новиот клуб да ги започнам од почеток. Точно знам што не сакам, но знам и што сакам, не во смисла на некој клуб, туку во димензијата на работата. Сега работам се припремам за следниот предизвик. Ништо не ми недостасува, не сум целосно на одмор, не е дека не правам ништо“, изјави неодамна Мурињо.

Од потенцијалните дестинации Мурињо многу се поврзуваше со Пари Сен Жермен и овој клуб се истакнуваше како негова единствена можна дестинација кога е Франција во прашање. Меѓутоа денес „Л’Eкип пренесува изненадувачка вест дека Мурињо добил понуди од Лион и Монако! Овие два клуба наводно му понудиле да седне на нивната клупа на крајот од сезоната.

Интересно е што Мурињо својата прва титула во Лигата на шампионите со Порто ја освои кога во финалето го победи Монако со 3:0.
Монако важи за гигант на францускиот фудбал и финалист во Лигата на шампионите во 2004 година, сега игра сезона за заборав и се наоѓа на 16-тата позиција на табелата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Стативите го спречија ПСЖ, Борусија во финале

Борусија Дортмунд е прв финалист во Лигата на шампиони откако и во вториот меч го победи П…