Дома Фудбал Останато Изненадување: Казорла повторно во шпанската репрезентација!

Изненадување: Казорла повторно во шпанската репрезентација!

Играчот за врска на Виљареал, Санри Казорла после четири години повторно се врати во националниот тим на Шпанија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Селекторот на „црвената фурија“, Луис Енрике денес го објави списокот од 23 фудбалери за престојните натпревари со Фарски Острови и Шведска.

34-годишниот Казорла после долгата пауза поради тешка повреда, оваа сезона одигра одлично во Примера, па Луис Енрике одлучи да го врати во репрезентацијата.

Групата на повикани фудбалери:

Голмани: Давид де Геа (Манчестер Јунајтед), Пау Лопез (Бетис), Кепа Арисабалага (Челзи)

Дефанзивци: Сержи Роберто (Барселона), Жорди Алба (Барселона), Хесус Навас (Севиља), Серхио Рамос (Реал Мадрид), Иниго Мартинез (Реал Сосиедад), Диего Љоренте (Реал Сосиедад), Марио Ермосо (Еспањол), Дани Карвахал ( Реал Мадрид), Хозе Гаја (Валенсија)

Среден ред: Родри (Атлетико Мадрид), Иско (Реал Мадрид), Дани Парехо (Валенсија), Марко Асенсио (Реал Мадрид), Серхио Бускетс (Барселона), Фабијан, Санти Касорла (Виљареал)

Напаѓачи: Родриго (Валенсија), Алваро Мората (Атлетико Мадрид), Јаго Аспас (Селта), Микел Ојарсабал (Виљареал).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Доменико Тедеско ќе води клуб од Серија А

Италијанскиот прволигаш Болоња, по разделбата со тренерот Винченцо Италијано објави дека т…