Поранешниот македонски репрезентативец Борко Ристовски иако влегува во петтата деценија од животот повторно ќе брани во Бундеслигата.
Македонскиот голман ќе се приклучи на германскиот прволигаш Лемго кој се соочува со порблеми на голманската позиција. Борко во Лемго треба да помогне со своето знаење и искуство наредниот период.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во прашање ќе биде позајмица на два месеци, а во 2023 година ќе се врати во Вардар кога ќе следат најважните битки во домашниот шампионат.
За Ристовски ова ќе биде трет клуб во Германија претходно настапуваше за Рајн-Некар Левен и Гумерсбах. Лемго во овој момент е 15-ти на табелата во Бундеслигата.