Дома Трансфер зона Изненадување: Боатенг се сели во Милано

Изненадување: Боатенг се сели во Милано

Германскиот дефанзивец Жером Боатенг веќе подолго време е на излезна врата од Баерн Минхен, а трансферот конечно би требало да се реализира во јануари.

За Боатенг веќе одамна нема место во првиот тим на Баерн и прашање е на време кога ќе си замине. 


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германецот се поврзуваше со трансфер во Арсенал, а сега италијанските медиуми пренесуваат дека неговиот агент започнал преговори со Милан.

Милан е во потрага по искусен дефанзивец во зимскиот преоден рок, особено откако Калдара беше испратен на позајмица во Аталанта.

Баерн за слободата на Боатенг бара 5 милиони евра, но проблем за „росонерите“ би можело да биде високата плата на Боатенг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид добил понуда од 45 милиони евра за Ѓулер

Aрсенал знаел да добие одлично засилување од Реал Мадрид, а пример за тоа е Мартин Одегард…