Карло Анчелоти е човекот кој овие денови е навистина актуелен во Италија.
Долго време се чекаше неговиот одговор за превземање на репрезентацијата на Италија, на крајот истиот беше негативен, па сега започнаа гласините кои поврзуваат со првите два клба на табелата во овој момент.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во текот на вчерашниот ден се појави вест дека доколку Масимилијано Алегри го напушти Јувентус, „старата дама“ ќе се обиде да го доведе Анчелоти.
Веќе денес стигнуваат нови информации – Анчелоти преговара со Наполи!
Аурелио Де Лаурентис во својата последна изјава (можете да ја прочитате тука) најави дека Наполи веќе има спремено замена за Маурицио Сари и дека нема многу да жалат доколку тој замине.
Сега италијанскиот сајт „oracolorn.it“ пишува дека наводно Наполи се договорил со Анчелоти на соработка од две години, иако засега не е ништо потврдено.
Доколку ова навистина е точно, Италијаните сметаат дека токму ова може да биде клучниот чекор на Наполи кон правењето тим за Скудето и конечно прекинување доминацијата на Јувентус.