Франускиот ракометар Лук Абало после завршувањето на неговиот договор со ПСЖ реши да не заминува во пензија и кариерата ќе ја продолжи во норвешки Елверум.
Иако се веруваше дека 35-годишната ракометна ѕвезда ќе оди во пензија, сепак се реши да ја продолжи кариерата во Норвешка.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Абало потпиша едногодишен договор со Елверум со можност истиот да биде продолжен на уште една година.
Елверум следната сезона ќе настапува во Лигата на шампиони, што беше главна причина за ваквата одлука на Французинот.
Претходно во својата кариера Абало настапуваше и за Атлетико Мадрид, Сиудад Реал и Иври.
Superstjerne til Elverum: – Tidenes signering i norsk håndball: https://t.co/16khDIaQay #2HX pic.twitter.com/gEVGA8ZQIV
— TV 2 Sporten (@2sporten) May 28, 2020