Дома Останати Изненадувачки старт на 13. ЕП: Шведска покорена од Исланд, Белорусија запиша први бодови против Австрија

Изненадувачки старт на 13. ЕП: Шведска покорена од Исланд, Белорусија запиша први бодови против Австрија

Означен е стартот на 13. европски ракометен шампионат во Хрватска.

На самиот почеток се одиграа два меча, во кои Шведска на изненадување на многумина загуби од Исланд, додека Белорусија славеше во дуелот против Австрија.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Шведска како селекција која важи за силен ракометен противник, загуби од Исланд со 26:24. Уште на самиот старт Исланд ја наметна контролата, па во голем дел од првото полувреме имаше висока разлика над фаворизираната Шведска. Сепак, Шведска во вториот дел се врати па успеа да ја анулира високата разлика од седум гола, па на крајот загуби, но со само два гола разлика. Во селекцијата на Исланд, најефикасен беше Гудмундсон со седум постигнати гола, додека на спротивната страна се издвои Готфридсон со постигнати шест погодоци.

Во рамки на групата Б, Белорусија очекувано славеше над Австрија со 27:26, па така ги запиша првите бодови. Во таборот на Белорусија најефикасен беше Кулеш со седум постигнати гола, на спртивната страна тоа беше Билик кој беше прецизен осум пати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ужас: Одбојкарски тренер двапати cилувал 15-годишно девојче, па се cамоубил

Џејсон Мејсер, 22-годишниот одбојкарски тренер кој е обвинет за силување на една одбојкарк…